Мињон: Македонија заслужува преговори!
Објавено на 11 јуни, 2013 во 15:54
Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ и да напредува во евроинтеграциите, верува претседателот на Параламентарното собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон.
Во обраќањето пред македонските пратеници, тој не пропушти да ги опомене за кревкоста на македонската демократија, честите случаи на бојкот на парламентот, но и употребата на итни постапки при донесувањето на законите.
-Ова е многу загрижувачки затоа што употребата на итна постапка неодамна предизвика насилни судири дури и внатре во Парламентот. Сите сме согласни дека постои потреба да се создадат цврсти гаранции за да се избегне во иднина повторување на такви ситуации, – изјави Мињон.