Новинарите бараат меѓународна помош за колегата Кежаровски!
Истражниот судија сеуште не оценил дека има промена во околностите под кои е затворен новинарот Томислав Кежаровски, објави 24 вести. Кежаровски ќе остане во притвор и нема никаква промена на статусот на обвинет и на потребата за останување во притвор.
Од новинарскиот иницијативен одбор за ослободување на Кежаровски велат дека за целиот случај официјално ја известиле делегацијата на европската унија во Македонија од која дејствување побара и меѓународната организација репортери без граници, а ќе побараат и активирање на сите расположиви правни механизми.
„Исто така ќе побараме од анкетната комисија за човекови права на Собранието на Република Македонија и тие са заседаваат и да се испитаат сите околности под кои на новинарот Кежаровски му е досуден 30 – дневен притвор“ – вели Сашка Цветковска од Нова ТВ.