Седум децении од смртта на Кочо Солев Рацин!
Со посетата на планината Лопушник и местото каде згасна животот на големиот поет денска беше одбележана 70 годишнината од смртта на Кочо Солев Рацин, објави Кичево.мк.
На спомен обележјето свежо цвеќе положија делегации на родниот град Велес, преставници на општина Кичево, Здружение на борците од НОБ, политички партии,резервни воени старешини и поддржувачи на делото на Рацин.
Претставникот на родниот град на поетот – Велес, Петре Саздов во своето обраќање до присутните меѓу другото рече:
-Велес и велешани не ја кријат гордоста што го имаат Рацина за свој. Напротив со радост ја делат неговата мисла, идеа, стих со сите оние што го слават и почитуваат. Космополитноста на Рацин ги создаде Рациновите средби. Пиететот кон него не носи кон овие планински беспаќа, за да му покажеме дека е жив без оглед на физичката смрт. Им благодарам на домаќините што ни овозможија и овој пат да дојдеме на Лопушник и да почувствуваме колку може да биде блиску вистината, а сепак да не можеш да ја дофатиш. Ви упатуваме голема благодарност од општина Велес на сите Вас – рече Саздов.