Ќе се гради градинка во општина центар!
Иако ВМРО – ДПМНЕ гласаа воздржано градинка ќе има – Успеавме да ја спасиме градинката и таа повторно да се вметне во буџетот и да започне да се гради за да може да се оствари интересот на граѓаните, а децата да имаат градинка изјави советничката Рангелова.
Ребалансот на буџетот закочи поради негодувањето на советниците на ВМРО – ДПМНЕ за изгласаните промени со кои се предвидуваат привремени вработувања во општината. За разлика од првичната пресметка, во која за вработувања биле планирани 7.250.000 денари, со новиот буџет за оваа цел се предвидени 13.250.000 денари.
Советницните на ВМРО – ДПММНЕ го обвинија Жерновски за пренамената на парите за новите вработувања наместо за изградба на училиште.
– Кога дојдовте во општината изјавивте дека касата на Центар е, нели, празна. Како може и покрај тоа нови 23 вработувања, нели немате средства – рече советничка од ВМРО-ДПМНЕ.
На ова Жерновски реплицира дека во минатиот мандат градоначалникот Тодоровиќ го зголемил за 70 вработени, односно од 65 на 135. Тој рече дека нема да се зголеми бројот на вработени во општинската администрација двојно повеќе како порано.