Погребан упокоениот Владика Кирил!
Пред државниот врв, свештенството и верниците поглаварот на МПЦ архиепископот Стефан се збогува од упокениот митрополит Кирил.
– Си отиде без најава, без да речеш збогум – рече поглаварот на МПЦ. Потоа на опелото кое се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје тој додаде:
– Кога се зборува за владиката Кирил, тоа значи истрајна борба за единството на Македонската православна црква, кога се зборува за владиката Кирил, тоа значи влог во националниот и црковен идентет.
Владиката Кирил денеска беше погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во кумановско Дељадровце.
Во просториите на Синодот беше отворена е книга на жалост во која граѓани ги запуваа спомените за митрополитот.
Владиката Кирил беше единствениот беше последниот жив митрополит што присуствувал на собирот на македонските архиереи во 1967 година, кога е возобновена автономијата на Македонската православна црква.
По неговото упокојување со Полошко-кумановската епархија во следниот период ќе управува архиепископот г.г. Стефан, со помош на викарниот епископ Јосиф Лешочки.