Против барокниот ГТЦ граѓаните се потпишуваа и се потготвени да го гушнат!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 16:14
Утрово во 10 часот почна потпишувањето на петицијата „Го сакам ГТЦ“. Меѓу првите кои се потпишаа беа членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, но најмногу граѓани и минувачи. Бројот на потписите брзо растеше и се чекаше ред за потпишување.
Во анкетата на НОВА, повеќето од граѓаните велат дека Трговскиот центар е симбол на Скопје и револтирано се противат тој да се претвори во барокна зграда.
Потпишувањето на Петицијата ќе трае до 18 часот. Таа ќе биде доставена до Управата за заштита на културното наследство каде ќе се побара Градскиот трговски центар да биде заштитен како значаен објект од периодот на модерната во Скопје.
Во 19 часот граѓаните ќе направат жив штит околу ГТЦ, како симболична прегратка.
Фото: А1.он.