„Ердоган со тебе сме“, од поддржувачи во Скопје!
„Ердоган со тебе сме“ – порачаа над двестотини демонстранти денеска пред Султан-Муратовата џамија во Старата скопска чаршија,пренесе Плусинфо.
Тие цели два часа скандираа, држејќи здружени албански и турски знамиња, а меѓу многуте само едно е македонско. Насред гласната турска народна музика од звучници, пароли и вжештената атмосфера, на бина говореа граѓани, а подоцна се прочита соопштение на три јазици.
„Со ова соопштение реагираме против оние кои ја узурпираат природата, парковите но и турската држава. Турција веќе 10 години важи за успешна демократија и некој очигледно сака да го наруши угледот на земјата. Ги повикуваме насилничките протестанти да разберат што нивниот протест може да предизвика – дестабилизација на Турција“, рекоа организаторите.