Власта и напна на општина Центар!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 19:54
Вонредни инспекциски контроли ја тресат општината Центар. Државниот инспекторат за локална самоуправа изврши вонредна контрола, по поднесена претставка од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Инспекторите проверувале дали претседателот на советот Мирослав Шиповиќ навистина го прекршил деловникот за работа. Директорот на инспекторатот Ванчо Шехтанск вели дека од понеделник ќе се знае дали постои основ некои одлуки да бидат поништени.