Времето денеска пожешко од вчера!
Објавено на 17 јуни, 2013 во 06:30
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Температурата ќе се движи од 27 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, сончево и топло со мала умерена облачност.
Температурата ќе достигне до 34 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 8.