Капачите ја отворија сезоната во Охрид!
Објавено на 17 јуни, 2013 во 10:05
Стабилизирањето на временските услови и покачувањето на температурата на воздухот, ги намами првите капачи кои викендов во поголем број ги посетија охридските плажи, објави Охрид њус.
Температурата на водата во езерото според последно извршените мерења на 14 јуни покажуваат дека таа изнесува 19,5 степени, што значи дека е пониска од вообичаено измерената во овој период од годината кога таа се движи од 21 од 22 степени.
Причина за тоа секако се ниските температури на воздухот и променливото време до средината на овој месец, но и повисокото ниво на водата во езерото.