Полицијата ќе вози „шевролет спарк“!
Објавено на 17 јуни, 2013 во 14:57
Стоте нови возила што МВР ќе ги купи ќе бидат „шевролет спарк“ од Аутомакедонија, пренесе Плусинфо. На денешната електронска аукција, беше избран како најповолен понудувач, а првичната понуда ја симна за еден милион со што се постигна цена од 45.350.800 денари.
МВР првата рата за возилата треба да ја плати во рок од 30 дена, откако ќе се испорачат возилата.
Рокот за испорачка на воизлата треба да биде најдоцна за три месеци.
Возилата кога ќе се предадат на МВР треба да бидат брендирани, со хорни и флешери и да имаат соодветна полициска опрема и во внатрешниот дел.
На аукцијата на МВР покрај Аутомакеоднија учествуваат и „Автонова“ со возило „цитроен Ц1Х“, „Еуроимпекс“ со „пежо 107“ и „Порше Македонија“ со „шкода сити гоу“.