Ставревски не дојде на судењето со ГЕМ!
Објавено на 17 јуни, 2013 во 15:08
Зоран Ставревски и денеска не се појави во Основниот суд Скопје 2 на судскиот процес во кој здружението на Граѓани за европска Македонија го тужат за клевета поради, како што велат, обвинувањата на министерот дека тие се дел од стратегијата Надеж која била создадена за насилно уривање на уставниот поредок.
Адвокатот на Ставревски, Никола Додевски во судницата информирал дека министерот е на службено патување.
Овој судски спор трае повеќе од две години, а министерот се уште не се појавил на ниедно од досегашните рочишта, пренесе 24 Вести.
Подносителите тужбата ја поднесоа на 29 јануари 2011 година.