Скопјани вечерва повторно во одбрана на ГТЦ од барок!
Покрај споменикот на Славко Јаневски во паркот „Жена-Борец“, на мирен и достоинствен начин, граѓаните ќе говорат и ќе ја потпишуваат Петицијата со која се бара да се задржи автентичноста на објектот.
Собирот е јавен и отворен за сите граѓаните од кој се очекува да го соопштат својот став зошто го сакаат сегашниот изглед на ГТЦ. Тие своите ставови во пишана форма и анонимно имаат можност да ги остават во пишана форма во кутија до дирекцијата на ГТЦ.
Асоцијацијата на Архитекти на Македонија, која го организира настанот „Форум ГТЦ“, ги повикува граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат оваа иницијатива. Почетокот е закажан во 20 часот.
На настанот ќе учествуваат д-р Никос Чаусидис, професорите и архитекти Гоце Аџимитревски и Доминика Бошкова, потоа Зоран Петровски, Александар Писарев, Бојан Иванов, Синоличка Трпкова, Донка Барџиева, Ѕвездан Георгиевски, Соња Абаџиева и Христина Ивановска.