Авторот на првиот македонски роман прогласен за кодош -ПЕН центарот реагира!
Лустраторите исто така прогласија за кодоши и 14 извршители на јавни функции кои издавале наредби и работеле за тајните служби во 70 и 80 години на минатиот век.
За членот на Комисијата за верификација на факти, предложен од опозицијата, одлуките се незаконски.
– Според Законот, како член на МАНУ како академик, починатиот без разлика дали е починат лице или не институциите се должни за сите носители на јавни функции да достават информации до Комисијата за верификација на фактите а целта е можеби да се знае точната вистина за моралот, етиката и вредностите на јавните личности.
– Се што направивме денеска е против уставно и законито. Безцелно е и страмно.
Македонскиот ПЕН ценар се чуди на веста за лустрацијата на еден од основачите и носечките столбови на македонската литература и култура, Славко Јаневски.
„ Дотолку повеќе што станува збор за автор мртов повеќе од една деценија, за автор кому токму власта што го лустрира, пред извесно време му откри два споменика – еден во паркот „Жена борец“, друг на Мостот на уметноста. Македонскиот ПЕН центар силно се противи на настојчивите обиди на Комисијата за лустрација самата да си се претвора во Комисија за утврдување на гревови од било кој вид, скршнувајќи од нејзината единствена и основна цел – оневозможување поранешните соработници на службите за безбедност да можат денеска да бидат носители на јавни функции“, се наведува во соопштението.
ПЕН центарот е зачуден од леснотијата со која Комисијата за лустрација се пресметува со мртви луѓе кои не можат да се бранат и да ја докажат својата невиност. Од таму потсетија дека вредносната скала во уметноста не ја прават никакви комисии поготово не за личности како што е Славко Јаневски.
Во реакцијата на ПЕН ценарот стои и енергичното барање упатено до државните органи за враќање на Комисијата за верификација на факти во законски делокруг.