Денес се аплицира за електронска здравствена картичка!
Работат и денеска сите подрачни единици на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ), со што се овозможува граѓаните да поднесат барање за издавање електронска здравствена картичка.
Сите подрачни служби на ФЗОМ низ земјава ќе работат во период од 07:30 до 19 часот.
Во Скопје, барање за издавање на ЕЗК осигурениците ќе може да достават во Подрачната Служба Скопје, во период од 7:30 до 19 часот. Во сите шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир и во дополнителните четири единици, кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто, осигурениците ќе може да достават барања за издавање ЕЗК во период од 7:30 до 15:30 часот каде ќе има одговорни лица од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на здравствена картичка.
Крајниот рок за поднесување барања за здравствени картички, кои од понеделник ќе ги заменат досегашните здравствени книшки, е 30 јуни.