Познат идентитетот на шестемина загинти во сообраќајката кај Куманово!
Објавено на 29 јуни, 2013 во 19:16
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Куманово – Крива Паланка, кај местото Смиљчинци,загинаа шест лица.
Возилата од ударот се запалиле, по што сите лица кои се превезувале загинале на лице место.
Во едното возило, БМВ со скопски регистарски таблички се превезувале сопруг со иницијали Љ.Л на 39 годишна возраст и сопруга, чиј идентитет се уште не е познат со своите две малолетни деца на возраст од четири и шест години, а во второто возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички патувале возачот Л.Ј, 50 годишен и совозачот В.Б. 59 годишен. Возачот на „пасатот“ бил полициски службеник од Куманово.