Почина Роберто Беличанец!
Објавено на 29 јуни, 2013 во 21:22
Oд срцев удар вечерва почина Роберто Беличанец, познат аналитичар на медиумите, во својата 42 година од животот,пренесе Плусинфо.
Беше познат како жесток критичар на сите негативности на општеството и на политиката, застанувајќи пркосно во одбрана на стандардите, на она што се нарекува почит кон секого.
Неговата острица посебно беше насочена кон власта.
„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика?“, гласи последниот негов пост на фејсбук-профилот.