Денес ќе биде погребан Роберто Беличанец
Објавено на 30 јуни, 2013 во 09:29
Аналитичарот Роберто Беличанец, кој почина ненадејно синоќа од срцев удар, ќе биде погребан денеска во 17 часот на гробиштата во Прилеп.
Беличанец беше директор на Центарот за развој на медиуми, како и основач на движењето Граѓани за европска Македонија (ГЕМ).
Беше познат критичар на сите негативности во општеството и во политиката.
Роден е на 1 февруари 1972 година во Прилеп.