Пратеникот Милошоски амбасадор во Загреб?
Објавено на 30 јуни, 2013 во 13:53
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на владејачкото мнозинство, Антонио Милошоски, најверојатно ќе биде именуван за амбасадор во Хрватска, од вечерва земја членка на ЕУ.
Од редовите на ДУИ ќе бидат именувани министри во Швајцарија, Катар, Данска и Франција, пренесе Журнал.
На амбасадорското место во Женева ќе седне Газменд Илјази, кој во моментов е вработен во Американската амбасада, а високи владини извори потврдиле дека Шабан Јашари ќе биде следниот амбасадор во Катар.
Екрем Ебиби ќе го заземе амбасадорското место во Берн, место Назифи Рамазан.
Мехмет Наим треба да го пополни амбасадорското место во Копенхаген, Данска, а сегашниот амбасадор Агрон Буџаку продолжува со мандат во Париз, Франција.