Денеска претежно сончево и топло!
Објавено на 2 јули, 2013 во 06:31
Претежно сончево и топло ќе се задржи времето во текот на денешниот ден. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 7.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 30°C. УВ индекс 7.