Прво рочиште на Груевски против Петковски!
Објавено на 2 јули, 2013 во 07:45
Денеска треба да се оддржи првото рочиште по тужбата на премиерот Никола Груевски против Тито Петковски. За клевета и навреда Груевски од Петковски бара 15.000 евра.
Тужбата се однесува на изјава на Петковски објавена во неделникот Фокус лани, во ноември. Според тужбата, биле изнесени невистини дека пред Букурешкиот самит во 2008 година Груевски предложил новото име на Република Македонија да биде Република Македонија-Скопје кои ги нарушиле угледот и честа на премиерот и притоа тој бил прикажан дека ги крие постапките од јавноста.
Петковски изјави дека тужбата на Груевски за клевета и навреда, кои кај премиерот предизвикале душевна болка, нема наод од стручно лице – прихијатар.