Сончево со локална облачност!
Објавено на 4 јули, 2013 во 06:30
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне во крајните западни предели со услови за локален дожд.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 36°C. УВ индекс 8.
Од петок попладне се најавува промена на времето, се прогнозираат врнежи од дожд и благо опаѓање на температурата.