Амбасадата на САД ја одбележа независноста!
Две децении Македонија немала ниту ќе има поголем пријател од САД. Ние сме биле и ќе останеме ваш најголем сојузник, а пред сè пријател, рече синоќа американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волер во пригодната реч по повод 237 роденден на неговата земја, кој традиционално се прослави во амбасадата на САД во Македонија.
Тој нагласи дека американско –македонското пријателство не било површно.
„СAД немаат поголема желба од тоа, да ја видат Македонија да успее како мирна, толерантна, просперитетна и безбедна земја, членка на евроатлантската заедница. Ви помогнавме да ги надминете ембаргото во 1993 година. Бевме со вас во 1995 година, но и во 2001 година, кога се стави крај на кризата. Ве признавме под уставно име во 2004 година, а следната година нашиот тогашен претседател Џорџ В. Буш стори многу на самитот на НАТО во Букурешт. Запомнете, немате поголем пријател од САД“рече Волерс.
На приемот во американската амбасада присуствуваа голем број гости од јавниот и од политичкиот живот, како и од бизнис заедницата и верските заедници. На почетокот беа интонирани македонската и американската химна, по што следуваше богат огномет. На 4 јули пред 237 години , 56 мажи се собрале во сојузната држава Пенсилванија за да ја потпишат декларацијата за независност, која на крајот завршува со изнесените позиции дека ги заложиле нивните животи , богатства и света чест во потрага по неа. Со тоа јасно застанале против тогашните власти, и нивните политики за даноците, трговијата, судството и законодавците.