Денеска резултати од државната матура!
Објавено на 7 јули, 2013 во 09:56
Матурантите денеска ќе ги добијат резултатите од полагањето на задолжителните предмети од испитот државна матура, односно тестирањето по мајчин јазик и литература, по изборниот предмет – странски јазик или математика, односно естетика или филозофија.
Резултатите ќе ги соопштат министерот образование Спиро Ристовски, директорот на Државниот испитен центар Јусуф Арифи и директорката на Бирото за развој на образование, Весна Хорватовиќ.
За матурантите кои не ја положиле државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, има поправен, втор рок на 13 август за мајчин јазик и на 15 август, изборниот предмет.