Претпладне сонце, попладне услови за дожд и грмежи!
Објавено на 8 јули, 2013 во 06:30
Денеска претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици во источните, северозападните, западните и југозападните предели.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 34°C. УВ индекс 7.