Прилепчанец прегазен од повеќе автомобили
Објавено на 8 јули, 2013 во 10:05
Прилепчанецот Демир Папоски загина вчеравечер одкако беше прегазен од повеќе автомобили.
На патот Градско-Скопје непознат возач го удрил Попоски околу 21 часот. Тој паднал на патот и бил прегазен уште од неколку автомобили по што починал на лице место.
Полицијата трага по возачот кој го удрил Попоски и останатите учесници во сообраќајката.
Л.С.