Повторно ќе излегува „Фокус“!
Објавено на 8 јули, 2013 во 13:04
Од 12 овој месец неделникот „Фокус“ по тримесечна пауза ќе продолжи да излегува од печат.
Неделникот ќе го подготвува добро познатата новинарска екипа, предводена од главниот и одговорен уредник Јадранка Костова, а ќе биде задржана истата уредувачка политика по која читателите го препознаваа Фокус.
„Ќе се обидеме да ја продолжиме мисијата на Никола Младенов, „на креирање општество на слободни луѓе, а не збирштина од безрбетници“, се вели во соопштението од редакцијата.