Новинарите не смеат да бидат предмет на притисоци, реагира ЕК!
Објавено на 8 јули, 2013 во 16:55
Портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, денеска го пренесе ставот на неформалната Влада на Европската унија за последните препукувања на двете новинарски здруженија ЗНМ и МАН во Македонија.
– Новинарите имаат демократско право да формираат и да учествуваат во здруженија кои тие ги чувствуваат за најблиски до сопствените верувања, дециден е гласноговорникот на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.
Сепак, според Стано, ниту едно здружение, синдикат или нивните членови не треба да бидат предмет на притисок и секој таков притисок треба да се осуди.