Претпладне облачно, попладне дожд!
Објавено на 9 јули, 2013 во 06:46
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Вредноста на УВ-иднексот ќе изнесува 7.