Оценка на граѓаните: Најкорумпирани, политичките партии, судството и полицијата!
Дваесет проценти од македонските граѓани лани платиле поткуп. Испитаниците учествувале во анкетата на Транспаренси Интернешнл. Резултатите од анкетата за корупцијата Македонија ја сместија во групата со Косово, Ерменија, Кипар, Чешка, Судан и Тунис.
Според последниот Глобален корупциски барометар, Македонците сметаат дека најкорумпирани институции се политичките партии. Над 60 отсто од испитаниците веруваат дека кога е во прашање борбата со корупцијата, можат да направат промена во општеството.
Граѓаните со оценка 4 ги отценија политичките партии, потоа следува судството , полицијата и пратениците. Најмалку корупција има во војската која доби оценка 2,3.
Анкетата на Транспаренси Интернешнл е спроведена во 107 земји над 114 илјади луѓе. Во неа учествувале 1010 Македонци.