Со вештачки земјотрес ќе се тестираат згради во изградба!
„Адора Инжинеринг“ , во скопската населба Аеродром, ќе се врши тестирање со „вештачки потрес -замјотрес“ на асеизмичката стабилност на станбена десеткатна зграда во изградба. Тестирањето ќе се врши утре по повод 50 години од скопскиот земјотрес.
Ова е прво тестирање кое се изведува во независна Македонија што ќе го извршат градежната компанија и стручњаци на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија.
– Ова е прв ваков проект кој се реализира на зграда за колективно домување, што се прави на иницијатива на приватна градежна компанија во Македонија. Целта е и научно да се потврди докажаната асеизмичка стабилност и сигурност на елитните станбено-деловни објекти на градежната компанија „Адора Инженеринг“, која е лидер во високата градба во Македонија, потенцираат од „ Адора Инженеринг“.