Јавна лицитација за лиценци за вршење дијализа!
Објавено на 9 јули, 2013 во 08:05
Метрополитен ДООЕЛ Скопје, АД Д-р Пановски, ОРКА Холдинг АД Скопје, СИЗ Вита дијализен центар – Тетово и Фрезениус Medical Care денеска ќе учествуваат во јавното наддавање за добивање лиценци за вршење дијализа, со вклучени специјалистичко – консултативни прегледи во мрежата на здравствени установи.
Наддавањето ќе се одржи во министерството за здравство. Ќе почне во 15 часот за првиот реон во државата. За регионот Велес, Кавадарци, Битола, Прилеп и Охрид понудувачите ќе лицитираат во 17 часот.
Избраните фирми ќе се стекнат со лиценца за вршење дијализа во здравствените установи за период од 20 години, од денот на склучувањето на договорот.