Македонците сеуште подмитуваат за услуга!
Со цел да добијат подобар третман и да добијат услуга по своја мерка, македонците најмногу поткупувале полицијаци, судии и лекари.
Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Транспаренси Интернешнал.
Најголем дел од испитаниците или 42 проценти одговориле дека поткупот го дале затоа што тоа било единствен начин да добијат одрена услуга или да ги забрзаат процедурите.
Македонските граѓани се на мислење дека нивото на корупција сеуште не е намалено и останало на ниво од 70 проценти.
Ако во 2010 повеќе од половина од испитаниците одговориле дека Владата е многу или до одреден степен ефективна во намалувањето на корупција, годинава процентот паднал, па сега само 10 проценти сметаат дека Владата е многу ефективна, а 29 проценти дека е до одреден степен ефективна во борбата против корупција.
Индексот за корупција во земјава за политичките партии, парламентот, приватниот сектор, образованието, судството, медиумите и невладините организации е 4,1 на скалата од 1 до 5, со тоа што единицата означува „не се корумпирани“, а петката дека се „екстремно корумпирани“
Извор: Нова тв