Ахмети: Предлогот за името е “Горна Македонија“!
Објавено на 9 јули, 2013 во 18:29
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во Софија го обелоденил последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција – „Горна Македонија“.
„Спорот за името меѓу Македонија и Грција не е потежок од спорот меѓу Косово и Србија“, рекол Ахмети на предавањето во Софија „100 години од Балканските војни. Помирување и интеграција“. „Проблемот за името е многу емоционален, а таму каде што има емоции нема рационалност. Сосем нормално е, како трета страна посредник, да биде меѓународната заедница која треба на некаков начин да ги смири тие емоции“, рекол Ахмети и посочил дека без притисок од меѓународната заедница и без помош од земјите во регионот, прашањето за името тешко ќе се реши.