Денеска нестабилно со услови за невреме!
Објавено на 10 јули, 2013 во 06:35
Претпладне ќе биде сончево, а попладне се очекува поизразен развој на нестабилна облачност која што ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На некои места ќе има услови за појава на невреме со интезивен пороен дожд (над 30 л/м2), силни електрични празнења, силен ветер (удари до 80 км/ч) и град. Температурата ќе се движи од 24 до 32 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена до значителна облачност, а попладне нестабилно со појава на невреме, пороен дожд и грмежи.