Се премолча предлогот на Нимиц
Опозициската СДСМ изреагира на премолчувањето на најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц за името.
Имено, последниот предлог гласи „Горна Македонија“, име кое воопшто не се спомна во македнската јавност. Оваа опција се соопшти во Бугарија, од страна на лидерто на ДУИ, Али Ахмети.
„Досега имаше средби на ниво на претставници меѓу Македонија и Грција и немаше конкретен предлог за името на Македонија. Сега постои еден предлог тоа да биде Горна Македонија. Тоа значи дека сега сепак има еден основен документ, околу кој страните можат да седнат и да разговараат. Моите согледување се дека без притисок од меѓународната заедница, не би се стигнало до соодветни преговори, како и без помошта од земјите во регионот. Токму сега е моментот кога треба да се седне на масата за преговори, кога има документ кој треба да се разгледува“, изјавил Ахмети на средба со буграскиот државен врв.
Изговорот за тоа што предлогот се премолча од страна на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции ,Ивица Боцевски, е дека Грција веќе го одбила овој предлог. Опозицијата реагираше што ваквите информации воопшто не се изјавени во Македонија и доаѓаат дури од странство.
Заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Филип Рикер, апелираше за поголемо вклучување на јавноста по ова прашање. Нема никаква изјава од ВМРО ДПМНЕ дали наведениот предлог е прифатлив.
Л.С.