Судење на обвинетите во „Монструм“ во Приштина
Објавено на 10 јули, 2013 во 12:27
Првообвинетите од случајот „Монструм“ денес се најдоа пред судот во Приштина. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ беа уапсени пред пет месеци за поседување илегално оружје.
Пресуда на овој случај би го забрзала процесот на екстрадиција во Македонија.
Во Македонија тие се обвинети за тероризам, кривично дело кое има предност при судска постапка според меѓународните закони. И покрај тоа, надлежните од судот во Приштина велат дека до екстрадиција ќе дојде дури откако ќе се заврши целосно жалбената постапка на обвинетите.
Л.С.