Младенов загинал во несреќен случај!
Обвинителството денеска ги презентира официјалните резултати од вештачењето за тоа како загина новинарот Никола Младенов. Немало никаков доказ дека во случајот со неговото загинување може да се работи за кривично дело.
Според обвинителството, несреќата се случила како последица на пребрзо возење и неадекватното движење на возилото на свиокот, а причина за смртта на Младенов било пукање на аортата на срцето, што според експертите, настанала како последица на ударот со гради во воланот.
„По излетувањето на возилото и рушењето на металната ограда, ова возило се движи по земјениот дел надолу и во еден момент кога удира на земјената површина, отскокнува и се врти во правец на оската на часовникот. Тоа го утврдуваат вештите лица. Возилото се врти на висина од 5 метри и доаѓа до исфрлање на телото на покојниот Никола Младенов“, рече обвинителката Гешковска.
Истрагата не открила каде бил претходно и со кого се сретнал Младенов пред несреќата. Обвинителката не можеше да го потврди неговото движење, а не успеале да го најдат ниту неговиот мобилен телефон.
Истражните органи не ги земале на распит вработените на патарината Велес-Скопје за да потврдат дали Младенов на денот на несреќата бил во Велес.
На автопатот каде возел Младенов имало и поставени камери, но тие не функционирале на денот на несреќата.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=TzhRfPrDP7o{/youtube}