Сонце, облаци и дожд!
Објавено на 11 јули, 2013 во 06:37
И денеска претпладне времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици.
Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде понекаде во централните и југоисточните предели. Ќе дува умерен северен и северозапападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 35°C