Димитровски го демантира обвинителството!
Објавено на 10 јули, 2013 во 21:41
Главниот и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“, Зоран Димитровски го демантира обвинителството кое денеска посочи дека весникот воопшто не ги предал сметките од патарините од последните возења на Никола Младенов ниту во полиција, ниту во обвинителството, објави Нова ТВ.
– Не, јас сакам да кажам такви сметки не се предадени ниту во судот ниту во обвинителство ниту во полиција – посочи обвинителката Гордана Гешковска.
Како што пренесе Плусинфо во смс-комуникација со Димитровски, Нова ТВ доби одговор дека сметките сепак биле предадени.
– Патарините се предадени во полиција, а предавањето го имаме и на камера – одговори Димитровски за НОВА Тв.