Министерот Ивановски и ОБСЕ постигнале договор за Законот за медиуми
Сите отворени прашања околу нацрт-законот за медиуми кои за ОБСЕ беа проблематични биле решени на средбата со министерот за информатичко општество Иво Ивановски. ОБСЕ издаде соопштение по целодневната средба на претставникот за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ со Ивановски и експертски тим на организацијата.
– Мојата канцеларија одблиску го следи процесот на изготвување на овој закон и многу сум задоволна што министерот ја иницираше оваа средба. Ја користам оваа можност да ги повикам новинарските здруженија во земјата итно да се вклучат во јавните консултации за нацрт-законот бидејќи нивното мислење е важно – изјави Мијатовиќ.
Според министерот Ивановски објасни на сребата се дискутирало за повеќе одредби од нацрт-верзијата кои беа предмет на интерес на пошироката медиумска јавност и дека поголем дел од предложените измени ќе бидат вклучени во новиот нацрт-закон.
– Успеавме да ги надминеме различните перцепции за важни членови од законот, кои ќе ја подобрат слободата на медиумите во нашата земја. Исто така, ја цениме поддршката од ОБСЕ и очекуваме соработката на тој план да продолжи – истакнал министерот Ивановски.