Давитковски: Комисијата не е блокирана
Објавено на 11 јули, 2013 во 10:01
Претседателот на комисијата за настаните од 24 декември, Борче Давитковски, ја демантира информацијата дека комисијата е блокирана.
Тој најави дека во наредниве денови ќе има прес конференција и тогаш ќе се откријат повеќе детали.
Многу медиуми вчера изјавија дека комисијата „се закопала“ и дека нема согласност помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за тоа кој треба да ја превземе одговорноста за настаните. Имаше изјави дека комисијата ќе паузира со работењето и дека некои членови се во странство.
Л.С.