Случајот на Младенов затворен како несреќен случај
Обвинителството го затвори случајот на Никола Младенов како несреќен случај.
Новинарот и сопственик на „Фокус“ го загуби животот во сообраќајна несреќа ноќта помеѓу 26 и 27 март годинава.
“Од сето она што досега го има преземено јавното обвинителство при постапувањето за утврдување на причините за случување на сообраќајната незгода можеме да заклучиме дека до овој момент од сите докази што ги имаме собрано не произлегува дека до сообраќајната незгода е дојдено како резултат на сторено кривично дело за кое се гони по службена должност“, изјави јавната обвинителка во Основното јавно обвинителство во Скопје, Гордана Гешковска.
Причина за несреќата била големата брзина со која возел Младенов кај Хиподром, при што излетал од коловозот. Причина за смртта е раскинување на аортата се заклучило на обдукцијата.
Сеуште нема информација за тоа каде бил Младенов пред несреќата и неговиот мобилен телефон не е пронајден. Истрагата за случајот се затвори.
Л.С.