Приведени полицајци за шверц со говеда
Објавено на 11 јули, 2013 во 12:46
Во полициска акција во западна Македонија денес се приведени 15-тина лица за нелегално криумчарење добиток во Албанија.
Неколку од приведените се полициски службеници, а двајца се командири. По извршените престреси во нивните домови пронајдени се пари, оружје и муниција. Акцијата е сеуште во тек.
Л.С.