Се одржа рочиштето Груевски против Петковски
Објавено на 11 јули, 2013 во 16:33
Се одржа рочиштето по тужбата за клевета на премиерот Никола Груевски против претседателот на НСДП, Тито Петковски.
Тужбата се однесува на ланската изјава на Петковски објавена во неделникот „Фокус“ во која тој изјавува дека премиерот со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008 предложил новото име да биде Република Македонија – Скопје.
„Тоа се измислени факти“, се вели во во тужбата, во која се бара Петковски да плати отштета во висина од 15 илјади евра за нанесување штетна на честа и угледот на Груевски.
Тито Петковски во својот исказ изјави дека премиерот е човек што не трпи навреди, а своите јавни говори ги користи да навреди други луѓе, пренесоа медиумите.
Во понеделник ќе биде соопштена пресудата.