Претпладне сончево, попладне со услови за дожд!
Објавено на 12 јули, 2013 во 06:34
Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер а во западните предели и засилен североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 34°C. УВ индекс 6.