За роденден доби бубрег и втор живот
Операцијата се изведе во среда и докторите изјавија дека и двајцата пациенти се чувствуваат добро и се во добра здравствена состојба. Антонова многу години се бори со својата наследна болест и го смета пресадувањето на бубрег како втора шанска за живот.
Во Клиниката за урологија во Скопје ова е рекорден број на пресадување бубрег од жив дарител. До дека годинава се направени 27 успешни операции, а се очекува бројката да стигне над 40. Во тимот на клиниката работат д-р Сашо Дохчев, д-р Оливер Станков, д-р Сотир Ставридис, д-р Скендер Саиди и директорот прим. д-р Михал Пенев, како и васкуларниот хирург, д-р Александар Јосифов.
Македонија е лидер во регионот за пресадување на бубрег од жив дарител, но нема пресадување од починати лица. Докторите апелираат да се заврши процесот на правни акти за да се пресадуваат органи од починати дарители. Бројот на лица починати од мозочен удар е од 200-250 и би можеле да се спасат двојно повеќе животи.
Л.С.