Обвинетите во „Монструм“ осудени во Приштина
Објавено на 12 јули, 2013 во 11:52
Првообвинетите во случајот „Монструм“ денес беа осудени во Приштина за поседување на нелегално оружје.
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осудени на две и две и пол години затвор. Нивните адвокати најавија жалби.
Не се знае кога точно ќе се екстрадираат во Македонија. Од Приштина велат дека тоа ќе се случи дури по завршувањето на жалбениотпроцес, иако македонскиот случај има предност според меѓународните закони. Тие се изјаснуваат како невини за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.
Л.С.