Денеска претежно сончево!
Објавено на 13 јули, 2013 во 06:27
Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито.
Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во западните предели.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.
Утринските температури од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 36°C. УВ индекс 8.