Убиецот на Мартин Нешковски се насладува со прасе во затвор!
Од каде прасе за затвореник за убиство? Вакви се реакциите на ФБ страната „Правда за Мартин Нешковски“, пишува А1он.
Братот на убиениот Мартин, Александар, објави фотографии од затворот на кои се гледа како неговиот убиец, специјалецот Игор Спасов со други затвореници се насладува со печено прасе, а потоа на масата се донесени и пици, нарачани од пицерија и други специјалитети.
За потсетување, Мартин Нешковски беше убиен на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011.Одговорните лица во МВР се обидоа убиството да го сокријат, а безбедносните камери, сите до ред, не работеле и не можеше да се види на снимките што точно се случувало.
Мајката на Мартин за тогашната А1 изјави дека луѓе од владеачката партија доаѓале и барале да не говороат ништо за убиството пред медиумите.
Извор: А1он.мк